ВЛАДАТА НИТУ ПОТВРДУВА НИТУ ДЕМАНТИРА ЗА „РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“
Владата ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата што во текот на вчерашниот ден се појави во одредени медиуми дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“. „Како што изјави премиерот Зоран Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а…
