Одлуката за азил на Грујевски и Бошковски одложена на неодредено време
Одлуката за азил за Горан Грујевски и Никола Бошковски е одложена на неопределено време, затоа што органот што ја води постапката нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно, изјави денеска адвокатот Петар Василев пред Кривичниот суд по одложувањето на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“. – Како што знаете, судовите и другите органи во Грција тешко се снаоѓаат…
