Европарламентот го одобри укинувањето на сезонското сметање на времето
Европскиот парламент денеска го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето, но конечната одлука за тоа треба да ја донесе Европската комисија. Европратениците бараат Европската комисија да го поддржи ваквиот предлог, инаку досега таа се залагаше за задржување на сезонското сметање на времето.
